Победата е единствен императив во мечот против Скопје

Академија Пандев во рамки на 20. коло од ПМФЛ, на стадионот „Кукуш“ во Турново го дочекува тимот на Скопје, меч кој започнува од 14:00 часот.

Нашата екипа во овој дуел има еден и единствен императив, а тоа е победата против тимот од Автокоманда.

Денешната средба во Турново како главен судија ќе ја води Фатон Мустафи од Тетово, а нему ќе му помагаат  Куштрим Лика (Кичево) и Небојша Ѓорѓијевски (Брвеница). Како четврти судија е Александар Грујоски од Кичево.

Во претходните два сезонски дуели со екипата на Скопје имаме ефект од една победа (2-0 во Струмица) и реми (1-1 во Автокоманда).