Нов пораз за Академија Пандев, Шкупи среќно дојде до победата

Екипата на Академија Пандев продолжува со лошите резултати во пролетната полусезона и се уште остануваме без победа во оваа година во Првата македонска фудбалска лига.

Уште од стартот на натпреварот нашиот тим започна офанзивно и најави интересен натпревар. Првата шанса за гол на мечот ја имаше нашиот тим по само шест минути игра, кога Зоран Балдовалиев доби добра топка во казнениот простор, но поради потег повеќе им дозволи на гостинските дефанзивци да реагираат добро и да интервенираат пред својот гол.

По ова, Шкупи имаше сериозна шанса за водство, откако од слободен удар ја погодија пречката од нашиот гол.

Сепак, по оваа шанса на гостите, нашиот тим ја презеде контролата и имаше постојана иницијатива, а Крстовски имаше убава шанса, но неговиот удар заврши директно во гостинскиот голман.

Во моментите кога се чинеше дека нашиот тим ја контролира играта на натпреварот, Шкупи дојде до водство, благодарение на одличната игра на Илијоски кој испрати добра топка до Шабани, а овој без проблем стрелаше за 0:1.

Нашиот тим се уште не се консолидираше, а Шкупи поведе со 0:2 токму преку Илијоски, кој со убав лоб удар ја затресе мрежата на Вујанац.

Сепак, пред крајотна прото полувреме,, Благоја Љамчевски од Шкупи играше со рака во својот шестнаесетник, па заслужено доби и црвен картон, а нашиот најдобар стрелец, Зоран Балдовалиев погоди од белата точка и намали на 1:2.

Во второто полувреме нашиот тим тргна во офанзива и го притискаше гостинот во обид да дојде до израмнување, а можеби и до победа со оглед на тоа дека имавме играчка супериорност на теренот, односно играч повеќе.

Грифони имаше одлична шанса, а Балдовалиев ја погоди пречката по слободен удар.

Шкупи се повлече дефанзивно, а нашиот тим се обидуваше да дојде до израмнување. Грифони и Балдовалиев повторно имаа шанси, исто како и Пандев и Дориев, но на крајот нашиот тим забележа пораз.

Во следното коло Академија Пандев гостува кај екипата на Скопје.