Нов бод за Академија Пандев по ремито со Победа

Екипата на Академија Пандев во рамки на 23. коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ) одигра реми без голови против екипата на Победа од Прилеп (0-0).

Мечот поради реконструкција на теренот во Прилеп, се играш во Охрид на СЦ „Билјанини извори“. На денешниот натпревар на клупата кај нашиот тим како прв тренер дебитираше Југослав Тренчовски кој досега ја извршуваше улогата на спортски директор во екипата.

Нашиот тим во идното, 24. коло од ПМФЛ силите ќе ги одмери против тимот на Пелистер, меч кој е предвидено да се игра следната сабота во Струмица.