Нови три бодови за Академија Пандев

Академија Пандев на стадионот „Кукуш“ во Турново ја победи екипата на Ренова со 2:1, во 25 коло од ПМФЛ. По апсолутна доминација во првото полувреме Љупче Дориев го отвори резултатот со погодок од белата точка во 41 минута. Пандевци со предност од 1:0 отидоа на одмор.

Во второто полувреме гостинската екипа пробуваше да дојде до изедначувачки погодок, па во 83 минута од напреварот преку центаршут, Мустафов го израмни резултатот. Но Академија Пандев до крајот на натпреварот стигна до посакуваните три бода повторно од пенал, откако во гостинскиот шеснаесетник беше срушен Стојчевски. Прецизен од белата точка беше Стоилов за конечни 2:1.

Со оваа победа Академија Пандев останува на третото место на табелата со три бодови помалку од Вардар но и натпревар помалку. Разликата со денешниот противник Ренова кој е на четвртото место е 12 бодови во корист на струмичани. Академија Пандев во следното коло кое ќе се одигра веќе во среда ја пречекува првопласираната Шкендија.