Реми на вториот контролен натпревар од припремите

Со нерешен резултат 1-1, заврши вториот контролен натпревар на Академија Пандев од зимските подготовки, одигран денеска во Струмица против тимот на Струмска Слава од Бугарија.

Исто како и на првиот контролен натпревар, така и на овој, шанса за настап добија сите играчи.

Прво полувреме: Чубраковиќ (Алчевски), Илиев, Атанаскоски, Димов, Костов, Николов, Стоилов, Темелков, Ивановски, Стојков (кап), Крстовски.

Второ полувреме: Алчевски (Денковски), Маневски, Јованов, Димов, Иванов Кристијан (Иванов Васко), Стојкоски, Томовски (Донов), Стоилов (Коцев), Пандев, Дориев, Миловановиќ.

Доминацијата преку целиот натпревар ја имаше домашниот тим и многу неискористени шанси. Деби гол за Академија Пандев постигна Кристијан Стојкоски. Веќе во петок сениорите се селат во Анталија, Турција, каде до шести февруари ќе одиграат уште пет контролни натпревари.