Младите надежи на Академија Пандев доминираат

Младите фудбалери на Академија Пандев продолжуваат со одличните игри на меѓународните купови и пријателските средби. Нашите дечиња денес и вчера забележаа две победи, едно реми и еден пораз.

Генерацијата 2001 го совлада тимот на Лудогорец со 1:0, а најдобро се покажа генерацијата 2003 кои на Сандански Купот го совладаа Пирин со преубедливи 11:1, додека со екипата на Аристон Русе одиграа 1:1.

Единствениот пораз беше забележан вчера од страна на генерацијата 2002 која играше пријателски натпревар со соодветната репрезентација на Македонија. Националниот тим беше подобар со 5:0, а интересно, стрелец на два гола беше нашиот играч Васко Иванов кој настапи за Македонија. Во репрезентацијата играа уште тројца играчи на Академија Пандев, поради што и нашиот тим беше ослабен и забележа пораз.