Контролни средби: Денес против селекцијата на Македонија, утре со Лудогорец

Денес и утре две наши младински екипи ќе одиграат силни контролни натпревари, еден во Струмица, а друг во соседна Бугарија.

Во Струмица на теренот со вештачка трева со почеток од 13:30 часот, генерацијата 2002 година ќе одигра пријателски меч против селекцијата на Македонија за играчи родени 2002 година.  Интересно е тоа што во „црвено-жолтиот“ дрес се повикани четири наши фудбалери: Иван Николов, Марко Алчевски, Спасе Терзиев и Васко Иванов.

Активна ќе биде и генерацијата фудбалери родени една година порано, 2001, која денес заминува во Бугарија каде што ќе остане до 18. февруари. Во рамки на турнирот Пирин Куп во Сандански, веќе утре силите ќе ги одмериме со Лудгорец.