Одигран првиот контролен натпревар во Самоков

Академија Пандев денес стартуваше со одигрувањето на подготвителните натпревари. Во тренинг базата на Локомотив Пловдив во Самоков се одигра првиот контролен натпревар. Бугарскиот тим беше поуспешен и победи со 2:1, полувреме 1:0. Стрелци на головите за Локомотив Пловдив беа: Карагарен во 18 мин и Михалевиќ од пенал во 86 мин. Стрелец на единствениот гол за нашиот тим беше Кристијан Велиновски во 81 мин. со прекрасен удар од околу 25 метри.

Нашиот тим во првиот дел настапи во следниот состав: Алчевски, Јованов, Маневски, Илиев, Димов, Томовски, Иванов, Дориев, Пандев, Миловановиќ и Рјуки. Во вториот дел настапија и : Михаилов, Темелков, Мишов, Крстовски, Костов, Дончев, Ивановски, Терзиев, Размоски, Николов, Велиновски и Канаи.