ИН МЕМОРИАМ: Почина Ристо Дориев

По кратко боледување на 47 годишна возраст синоќа почина Ристо Дориев, татко на фудбалерот на Академија Пандев, Љупче Дориев.

Ристо Дориев остави голем белег во струмичкиот фудбал. Во својата фудбалска кариера настапаваше за неколку македонски клубови меѓу кои, Беласица, Тиверија, Борец… По завршивањето на фудбалската кариера живееше во Италија.

Фудбалскиот клуб Академија Пандев упатува сочувство до фамилијата.