Зоран Ивановски со 90 минутен успешен настап во ремито со Хрватска

Македонската репрезентација до 19 години денес успешно ги започна квалификациите во Р. Чешка, која воедно е  и домаќин на турнирот. Во првиот натпревар избраниците на селекторот Горан Станковски одиграа 1:1 со фаворитот Хрватска. Повеќе од успешен настап во селекцијта на Македонија У-19 имаше и нашиот член Зоран Ивановски. Следниот натпревар нашата надежна селекција го игра во сабота против репрезентацијата на Чешка.

На Зоран Ивановски и на селекцијата на Македонија У-19 им посакуваме успешен настап и пласман во елитната рунда.