Денес на мегдан против актуелниот шампион

Академија Пандев денес во рамки на 26. коло во ПМФЛ силите ќе ги одмери против актуелниот бранител на титулата во домашното првенство, екипата на Вардар.

Мечот проти клубот од Скопје на програмата е денес со почеток од 16:00 часот, а се игра на стадионот „Кукуш“ во Турново.

Правдата на овој натпревар ќе ја дели главниот судија Дејан Јакимовски од Скопје, а нему ќе му помагаат Игор Ширилов и Даниел Василевски.