Дедо Мраз им подели новогодишни пакетчиња на најмалите членови

Како и секоја година, така и оваа, Дедо Мраз ги посети најмалите членови на Академија Пандев и им подели новогодишни пакетчиња. Со оваа традиционална дружба ја испраќаме 2018та година, со надеж дека наредната година ќе биде уште поуспешна.

ФК Академија Пандев ви посакува среќни празници, а пред се многу здравје и убави моменти да ви ја одбележаат годината која доаѓа, и заедно да продолжиме да се радуваме на успесите на клубот.