Два минимални порази од Лудогорец

Денес на терените на ФК Беласица од Петрич се одиграа два натпревари помеѓу Академија Пандев и Лудогорец во младинските категории.

Од 13:00 часот играше генерацијата фудбалери родени во 2003 година кој забележа пораз од врсниците на бугарскиот шампион со резултат од 3-2. Стрелци за екипата на Академија Пандев беа Талаков и Карамучев.

Во вториот натпревар, генерацијата фудбалери родени 2002 година забележа исто така минимален пораз, овојпат со 2-1. Погодокот за нашиот тим го даде Александар Коцев.

Овие две наши генерации, веќе в петок со почеток од 13 и 15 часот по бугарско време ќе одиграат нови натпревари против истиот противник, Лудогорец.

Уште три наши генерации (2005,2006, 2008) денес замина на турнир во соседна Бугарија – „Софија Куп“ кој ќе се одржува до 25. февруари.