Да ја завршиме со победа премиерната сезона во елитата

Академија Пандев денеска пред своите навивачи ја завршува историската сезона во Првата македонска фудбалска лига.

Противник ни е Силекс кого не успеавме да го победиме во првенствен натпревар иако го елиминиравме во раната фаза од Купот на Македонија. Иако резултатски натпреварот не одлучува ништо важно, ситр фудбалери во тимот сакаат да дојдат до победа и на тој начин да се разделат со својата публика.

Натпреварот се игра од 16:15 часот на стадионот Кукуш во Турново. Главен судија е Јован Качевски од Струга.