Во Тетово по победа за опстанок

Четирите бода во последните две кола ја подобрија атмосферата во екипата на Академија Пандев.

Заборавена е лошата серија и несреќната елиминација во полуфиналето од Купот на Македонија и сето внимание е насочено кон последните шест кола во првенството во кое се брка опстанок.

Следен противник е незгодната Ренова која во последните четири кола оствари три победи, а не е совладана на домашен терен од ноември 2017 година. Во меѓусебните дуели оваа сезона имаме по една победа, еден пораз и едно реми.

И ние имаме што да кажеме на овој натпревар бидејќи немаме пораз на последните четири гостувања иако игравме со Победа, Работнички и Силекс, а му го нанесовме првиот пролетен пораз на Скопје.

Натпреварот се игра од 16 часот, главен судија е Зоранчо Темелков од Кавадарци, а ќе му помагаат Илија Гонев од Неготино и Ѓорѓи Станков од Струмица.