Во мошне ефикасен натпревар, Шкупи подобар од Академија Пандев

Екипата на Академија Пандев претрпе пораз на гостувањето во Скопје кај екипата на Шкупи со 5:2.

Натпреварот се одигра на стадионот „Борис Трајковски“ во Маџари, а домаќинот Шкупи беше подобриот противник на овој меч, особено во првото полувреме кога постигна три од своите погодоци.

Баже Илијоски веќе во седмата минута стрелаше за водство од 1:0. Десет минути подоцна го постигна вториот гол на натпреварот за 2:0, а во 23. минута го комплетираше својот хет-трик од сомнителна офсајд ситуација и водство од 3:0 за Шкупи.

До крајот на првото полувреме Стоилов во 31. минута намали на 3:1.

Во второто полувреме по една спорна ситуација, главниот судија покажа на белата точка, но голманот Вујанац го одбрани ударот на Илијоски. Сепак, во 59. минута Јашароски зголеми на 4:1 по грешката на голманот, а во 71. Грифони по одличен соло пробив од десната страна намали на 4:2.

Сепак, по една грешка на одбраната на Академија Пандев, Стојкоски ги постави конечните 5:2.

Со овој пораз, Шкупи не прескокна на првенствената табела, па така по 19 одиграни натпревари ние се наоѓаме на 5. место со 25 бода, додека Шкупи е пред нас со 26 бода.