Вардар – последно сезонско гостување во ПМФЛ

Академија Пандев во рамки на претпоследното коло од ПМФЛ за тековната сезона гостува кај Вардар во Скопје. Мечот на програмата е денес со почеток од 16:15 часот, а се игра на националната арена „Филип Втори“.

Мечот Академија Пандев – Вардар ќе биде четврти меѓусебен сезонава. Во два наврати Вардар славеш со по 0-2 и 1-3, а последниот дуел заврши нерешено (1-1).

Иако сега шансите за излез во европските купови за следната сезона се помали, за нашиот клуб се уште посотојат.

Денешната средба ќе ја суди Фатон Мустафи од Тетово, а ќе му помагаат Небојша Ѓорѓијевски и Насуф Латифи од Брвеница.