Академија Пандев ќе ја угости Шкендија – ново крунисаниот шампион во ПМФЛ!

Во рамките на 30. коло од домашното првенство, Академија Пандев го пречекува составот на новокрунисаниот шампион во домашното првенство, ФК Шкендија.

Откако претходното коло, со победата против Шкупи со 2:0, Шкендија ја обезбеди првата титула во македонското првенство, денеска гостуваат во Струмица.

Академија Пандев по 29. кола е 7. пласирана екипа на табелата со 35 бодови, па со евентуална победа ќе ја надминеме екипата на Ренова на табелата која има 37. бодови.