Академија Пандев ќе бидат учесници на ВИП турнирот ,,Готиа Куп” во Гетеборг, Шведска

ФК Академија Пандев придружена од филијалата ФК Еуроспорт Куманово во генерација 2001 ќе бидат учесници на ВИП турнирот ,,Готиа Куп” кој се одржува во Гетеборг, Шведска. Освен патните трошоци сите останати трошоци околу турнирот се покриени од страна на организаторот на овој најголем и најмасовен настан. Голема чест и задоволство ни претставува што ќе бидеме учесници на еден ваков светски турнир.