Академија Пандев ја пречекува Победа

Екипата на Академија Пандев, денеска во рамките на 32. коло од Првата македонска фудбалска лига.

Прилепската екипа освои седум бода во последните четири натпревари со што побегна од дното на табелата, но се уште се наоѓа во опасната зона, односно на 8. место кое води во баражот за опстанокт, па ќе бара триумф против нашиот тим на гостински терен, со цел да го избегне тоа сценарио.

Академија Пандев во моментов е на седмото место со четири бода предност во однос на Победа, а со победа денеска ќе направиме дополнителна и опиплива разлика во однос на ривалите.

Инаку, сезонава Академија Пандев има три одиграни натпревари против прилепска Победа. Нашиот денешен гостин има подобар скор, со оглед на тоа дека два натпревари завршија нерешено (0:0, 2:2), додека еднаш загубивме со 0:1 на домашен терен.

Нашиот тим ќе биде благ фаворит на денешниот натпревар, кој започнува од 15:00 часот, но нашите играчи во ниту еден случај не смеат да го потценат денешниот наш противник.