Академија Пандев убедливи против Кораб за полуфинале

Со убедииви 6:1 на гостински терен против ФК Кораб во Дебар, фудбалерите на ФК Академија Пандев се пласрираа во полуфиналето на Купот на Македонија. Иако со неколку фудбалери од младинскиот погон, избраниците на Југoслав Тренчовски беа убедливи над екипата на Кораб.

Домашните шест пати ја вадеа топката од својот гол, додека стрелци за гостите беа на двапати Илиев и Крстовски, а по едаш во листата на стрелци се запишаа, Миловановиќ и Михаилов.

Вкупниот резултат од двата натпревари на крај е 9:2 во корист на Академија Пандев. Веќе во петок ќе се знае противникот за плуфиналните натпевари. Покрај Академија Пандев пласман во полуфиналето изборија и прилепска Победа, Македонија Ѓорче Петров и Беласица.