„Академија Пандев“ со нови три бодови против прилепска „Победа“

Во Турново во рамките на 15 коло од ПМФЛ „Академија Пандев“ славеше со 2:1 против екипата на „Победа“ од Прилеп.  Резултатски натпреварот го отвори капитенот на домашните Сашко Пандев во 26 минута, со прекрасен гол со глава по претходна изработена акција во која учествуваа неколку фдбалери. Академија Пандев до тој момент беше подобар противник и имаше шанса да го зголеми водството преку Дориев, но наместо сигурно водство во првиот дел,  по само четири минути  стигна казната од противникот кој го израмни резултатот на 1:1. Во контра напад противничкот напаѓач Макота, од десетина метри ја затресе домашната мрежа, па на одмор двете екипи отидоа со нерешен резултат 1:1. Во вториот дел поворно Академија Пандев беше поблиску до трите посакувани бодови за да во 74 минута, нововлезениот Аце Стојков,  со прекрасно уфрлање по левата страна и центаршут во противничкиот петерец  го принуди домашиот играч Исаевски, да постигне автогол.

Со оваа победа Академија Пандев се зацврсти на третото место на табелата со 25 бодови, на само три бодови зад второпласираниот Вардар и пет повеќе од  четвртопласираниот Работнички. Следното коло се игра за три дена во недела каде Академија Пандев и гостува на екипата Ренова.