Академија Пандев се запозна со условите во Анталија, утре првиот натпревар

Екипата на Академија Пандев денеска го одржа првиот тренинг во својата нова база во Анталија. Фудбалерите се запознаа со условите што ги нуди овој туристички центар.

Првиот натпревар од подготовките ќе го одиграат утре од 16:30 часот по локално, односно 14:30 часот по македонско време, а противник е лидерот на табелата во руската втора лига Јенисеј.