Академија Пандев против Победа во полуфиналето во Купот на Македонија

На денешната ждрепка која се одржа во просториите на ФФМ, беа одредени полуфиналните парови во Купот на Македонија.

Академија Пандев за противник ќе го има тимот на Победа од Прилеп. Втората полуфинална двојка ја сочинуваат Беласица и Македонија ЃП.

Ова ќе биде второ полуфинале по ред за Академија Пандев. Првите натпревари се закажани за 27 февруари, а реваншите на 10 април. Местото на одигрување на финалето ќе биде дополнително ордедено.