Академија Пандев подобра од Вардар во финалето од Купот на Македонија за пионери!

Пионерите на Академија Пандев славеа во фудбалскиот Куп на Македонија, откако во финалето го совладаа тимот на Вардар со минимални 1:0.

Двете екипи одиграа борбен натпревар, во кој имаше голем број шанси на двете страни, како и неколку погодени пречки и стативи, а на крајот на победата се радуваше Академија Пандев.

Нашиот тим дојде до трофејот благодарение на резервистот Никола Тасев кој со голот во 78. минута го реши натпреварот кој се одигра во Охрид. Бобан Тасевски имаше прекрасна соло акција, минувајќи неколку противнички играчи, по што го проигра Тасев, кој немилосрдно ја затресе мрежата на Вардарци.