Академија Пандев одигра нерешено без голови против „фенерџијата“ Скопје

Нашите фудбалери денеска не успејаа да слават во дуелот проти екипата на Скопје, во меч кој го игравме на домашен терен.

Академија Пандев пропушти неколку добри шанси за денеска да слави против гостинската екипа и да ја запишеме 8 победа во премиерната сезона во ПМФЛ.

Ова може да се протолкува како криза во нашиот состав, бидејки последната остварена победа во домашното првенство ни е остварена на 16 ноември минатата година против Пелистер.

По ова 20. коло, останува на 4. позиција, за лидерот Шкендија со 50, Вардар со 42 и Силекс со 35 бодови, зад нас се уште Шкупи исто како и нас (26), кој денеска загуби од лидерот Шкендија, па следуваат Работнички со 24, Пелистер, Ренова и Победа со по 20 а фенерџија на табелата е нашиот денешен противник Скопје.