Академија Пандев непоразена се враќа од гостувањето во Кратово

Екипата на Академија Пандев освои бод на гостувањето кај Силекс во Кратово, откако нашиот тим одигра 0:0.

Може да се констатира дека екипите одиграа тврд и неатрактивен натпревар кој заврши со реми без голови. За жал, нашата екипа се уште не знае за победа во пролетниот дел од сезоната.

Силекс беше подобриот противник во првото полувреме од мечот, нашата одбрана беше ставена на тест и за среќа одлично си ја заврши работата.

Во второто полувреме, нашиот тим заигра мноду подобро и поактивно. Во игра влезе и најдобриот стрелец во нашата екипа, Зоран Балдовалиев, но и покрај тоа не бевме во можност да направиме нешто посериозно, бидејќи останавме со играч помалку во 53. минута со исклучувањето на Даниел Миловановиќ, со што шансите за победа драстично ни се намалија.

Во следното коло Академија Пандев ќе го пречека тимот на Шкупи.