Академија Пандев извлече бод против новиот шампион

Натпреварот од рамките на 30. коло во домашното првенство, помеѓу Академија Пандев и новиот шампион во првенството Шкендија, заврши без победник, 2:2.

Првиот дел беше во знакот на гостите кои по 16 и 19. минута веќе имаа убедливо водство со 2:0.

Прво Жуниор постигна гол за почетно водство во 16. додека три минути подоцна Бесарт Ибраими зголеми на 2:0.

Но Академија Пандев денеска не сакаше да излезе на терен со бело знаме, па заигра поквалитетно во вториот дел и теренската иницијатива беше преточена со два гола.

Прво Балдовалиев во 53. минута намали на 1:2, за во 65. минута Јани Атанасов да изедначи на 2:2 со успешно реализиран пенал.

До крајот на средбата немаше промени во резултатот, па бодовите беа поделени.