Академија Пандев закажа пет пријателски натпревари со Лудогорец

Младинските екипи на Академија Пандев и Лудогорец овој месец ќе одиграат пет пријателски натпревари во Бугарија.

Серијата почнува на 15 февруари кога меѓу себе ќе се сретнат генерациите 2001 година, а на 21 и 23 февруари по два натпревари ќе играат 2002 и 2003 година. Сите дуели ќе се играат во Петрич каде се подготвуваат екипите на Лудогорец.

Во исто време, бугарскиот тим го потврди учеството на Пандев 2018 со две свои екипи, како и на турнирот “Филип Лазаревски” што се одржува во Струмица.

На 16 февруари, нашата екипа составена од фудбалери родени 2002 година во Дојран ќе одигра контролен натпревар со соодветната македонската репрезентација.