Академија Пандев гостува во Тетово кај лидерот Шкендија

Нашата екипа денес ја очекува и третиот дуел од пролетната полусезона во ПМФЛ. На програмата е гостувањето во Тетово против лидерот Шкендија, во рамки на 21. коло.

Академија Пандев по поразот од Шкупи и ремите со Скопје во минатото коло, ќе бара шанса за изненадување и прва победа пролетва што секако нема да биде нималку лесно за избраниците на тренерот Панче Стојанов.

Мечот на стадионот во Тетово започнува од 14:00 часот, а правдата ќе ја дели Дејан Јакимовски како главен судија. Помошници на главниот арбитер од Скопје ќе му бидат Никола Караколев од Штип и Куштрим Лика од Кичево.